сабота, јули 27, 2024
домаFacebоok ги отвори руските постови против Трамп

Facebоok ги отвори руските постови против Трамп

Новинската агенција Ројтерс и весникот "Вашингтон пост" имаа увид во информациите што ги објави Facebook.

Околу 126 милиони Американци можеле да ја видите содржината на постовите во Русија во последните две години, изјави во вторникот Фејсбук сo напомена дека 80.000 постови биле поставени пред претседателските избори во 2016 година, а и по нив.
Содржината на повеќето од овие постови била од политичка природа и биле фокусирани да предизвикаат социјални поделби, наведува Фејсбук.
Податоците се објавуваат во пресрет на дебатата во Сенатот, каде што, заедно со социјалната мрежа Твитер и серверот на Google ќе се информира за деталите за тоа што Русија објавува на популарните веб-сајтови.
Русија постојано ги отфрла обвинувањата дека се обидувала да влијае на текот на претседателските избори во САД, каде што кандидатот на републиканците Доналд Трамп ја победи демократката Хилари Клинтон.
80.000 постови биле објавени во периодот помеѓу јуни 2015 и август 2017 година. Биле објавувани од страна на руска компанија поврзана со Кремљ, објави Фејсбук и вели дека таквите акции се против градење на доверба.
“Ние сме решени да сториме се што можеме за да се спротивставиме на оваа нова закана”, рече Колин Стреч, главен советник на Фејсбук.
Во понеделникот, глобалниот сервер на Google откри дека руските тролови објавиле повеќе од 1.000 видеа на YouTube на 18 различни канали, пишува Вашингтон пост.
Во меѓувреме, Твитер пронајде и поништи 2.752 налози што ги воделе од Агенцијата со седиште во Русија, изјави за Ројтерс извор поврзан со Твитер.
Во одделна истрага за руското мешање во кампањата за претседателските избори во САД во 2016 година, предводена од страна на специјален советник на Министерството за правда на САД, Роберт Милер, поднесено е првото обвинение против тројца членови на изборна кампања на претседателот на САД, Доналд Трамп. Тие се обвинети за перење пари и заговор против САД.
Еден ден по објавувањето на обвиненијата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека “нема докази” за упадот на Русија во претседателските избори во САД.
“Без никакви докази, нè обвинуваат за мешање не само во изборите во САД, туки и во изборите во европските земји”, изјави за новинската агенција Интерфакс Лавров.
“Неодамна можеше да се слушне дека Москва одлучила да назначи министри во Јужна Африка. Нема граници за фантазиите”, додаде тој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ