сабота, ноември 23, 2024
домаЖивотЗдравје„Фајзер/Бионтек“ започнува со клиничко испитување на вакцината омикрон

„Фајзер/Бионтек“ започнува со клиничко испитување на вакцината омикрон

Компанијата „Фајзер/Бионтек“  започна со клиничко испитување на вакцина против коронавирус, но која ќе биде специфична за сојот омикрон. Студијата ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор на вакцината, како и примарната серија и засилената доза на 1.420 здрави возрасни лица на возраст од 18 до 55 години.

Оваа студија е поделена во три групи. Учесниците во првата група примиле две дози од сегашната вакцина „Фајзер“ најмалку 90 до 180 дена пред студијата. Тие ќе примат една или две дози вакцина специфична за омикрон.

Учесниците во втората група примиле три дози од сегашната вакцина „Фајзер“ најмалку 90 до 180 дена пред студијата. Тие ќе примат една доза од вакцината против сојот омикрон.

Учесниците во третата група не примиле вакцина против коронавирус. Тие ќе добијат три дози на вакцина специфични за варијантата омикрон.

Вакцината специфична за омикрон ќе се дава во иста доза како и сегашната вакцина на „Фајзер/Бионтек“.

– Тековните истражувања и податоците од практиката покажуваат дека бустер дозата сепак обезбедува високо ниво на заштита од инфекција и хоспитализација. Но, мора да бидеме подготвени во случај оваа заштита да почне да слабее со текот на времето. Затоа, се обидуваме да го решиме проблемот со омикрон и нови варијанти кои не очекуваат во иднина – рече во соопштението за медиумите Кетрин Јансен, виш потпретседател на „Фајзер“ и раководител на одделот за истражување и развој на вакцини.

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, минатиот месец изјави дека компанијата најверојатно ќе ја има новата вакцина до март оваа година, а портпаролот на „Фајзер“ потврди дека компанијата веќе започнала со производство на вакцината:

– Истражуваме и произведуваме вакцина која се базира на омикрон. Секако, треба да разговараме со здравствените установи, а потребно е и одобрение за употреба.

Компаниите претходно објавија дека очекуваат да произведат четири милијарди дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“, а оваа бројка не се очекува да се промени во случајот со вакцината специфична за омикрон.

Компаниите, исто така, нагласија дека луѓето кои примиле бустер доза од вакцината „Фајзер“ „имаат добро ниво на заштита од омикрон“.

Дополнителни податоци за ефикасноста во реалниот свет и лабораториски тестови ќе дадат дополнителни информации за времетраењето на заштитата, потенцијалната потреба за дополнителна доза подоцна и дали е потребна модифицирана вакцина за омикрон, наведено е во студијата на истражувачите од Медицинскиот огранок на Универзитетот во Тексас. Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ