сабота, јули 27, 2024
домаКујнаФалсификувани лекови причина за смрт на деца во земјите во развој?

Фалсификувани лекови причина за смрт на деца во земјите во развој?

Светската здравствена организација објави дека околу 11 проценти од лековите во земјите во развој биле фалсификувани и дека веројатно биле причина за смртта на десетици илјади деца од болести како маларија и пневмонија. Ова е прв обид на СЗО да го процени и разгледа овој проблем, објавува АП.

Експертите разгледаа 100 студии за повеќе од 48.000 лекови. Речиси 65 отсто од фалсификувани лекови се лекови за третман на маларија и бактериски инфекции.

Научниците, кои ги ангажираше СЗО од Универзитетот во Единбург, проценуваат дека помеѓу 72.000 и 169.000 деца починале од пневмонија откако примиле лажни лекови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ