понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаФаучи и се извини на Велика Британија за изјавата дека прерано ја...

Фаучи и се извини на Велика Британија за изјавата дека прерано ја одобрила вакцината

Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, се извини за изјавата дека британските власти прерано ја одобрија вакцината против ковид-19, велејќи дека тој има „голема верба“ во државните регулатори на таа земја.

Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, предизвика контроверзии со претходната изјава дека британските здравствени регулатори не ги проучувале податоците од испитувањата толку внимателно како Управата за храна и лекови на САД (ФДА).

Тој рече дека сакал да каже дека американските власти работат поинаку од нивните британски колеги, а не подобро, но неговите коментари не биле веродостојно пренесени.

„Многу верувам и во научната заедница и во регулаторите во Велика Британија, и секој што ме познава мене и мојот став кон тоа кој со децении е ист, знае дека е така“, изјави Фаучи за „Би-Би-Си“. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ