Фејсбук предлага 100 милиони долари за поддршка на малите бизниси во 30 земји за да се справат со економското влијание на пандемијата на коронавирус, објави АФП.
Гигантот за социјално вмрежување соопшти дека ќе обезбеди субвенции за пари и рекламни заеми за 30.000 бизниси и претприемачи.
„Ги ислушавме сопствеите на мали бизниси за да откриеме како можеме најдобро да им помогнеме. Слушнавме гласно и јасно дека им треба финансиска поддршка за да ги платат вработените кои не можат да доаѓаат на работа “, рече главниот оперативен директор Шерил Сандберг.
Од Фејсбук ги повикуваат сите заинтересирани компании да се регистрираат на страната за помош за да добиваат информации за начинот на делење на грантовите.
Н.С.