среда, декември 18, 2024
домаТехнологијаФејсбук предупредува дека неодамнешниот пробив може да влијае на други апликации

Фејсбук предупредува дека неодамнешниот пробив може да влијае на други апликации

Фејсбук објави пред неколку дена дека идентификуваше безбедносен проблем изминатата недела. Проблемот вклучуваше искористување на ранливоста во функцијата „гледај како“, што им овозможува на луѓето да видат како нивните профили изгледаат за другите. Грешката им овозможила на хакерите да ги украдат токените за пристап на Фејсбук и да ги контролираат корисничките профили. Како мерка на безбедност, Фејсбук исклучи повеќе од 90 милиони корисници, кои потоа мораа да се пријават на профилите.

Фејсбук истакна дека нема докази дека хакерите имале пристап до лични пораки или објави, но, исто така, нагласи дека тоа може да се промени како што истрагата напредува.

По првичното објавување, Фејсбук повторно се огласи на нова конференција за медиумите, за да истакне дека и други услуги кои ја користат функцијата за најава на компанијата може да бидат загрозени. Ова ги вклучува Instagram, Spotify, Tinder и Airbnb. Многу сајтови и апликации им овозможуваат на корисниците да се најават преку нивниот профил на Фејсбук. Иако не постои причина дека било кој од сервисите се пробиен, ова е уште еден проблем за компанијата и загриженост за корисниците.

Фејсбук истакна дека ја коригирал ранливоста и ги ресетирал токените за пристап на сите сметки за кои се верува дека биле погодени со ова пробивање на безбедноста. Меѓутоа, најновите безбедносни проблеми дополнително му штетат на угледот на Фејсбук, а не помага ниту информацијата дека профилите на Марк Цукерберг и Шерил Сандберг, исто така, биле загрозени.

Од објавувањето на оваа информација, вредноста на Фејсбук падна за 12 милијарди долари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ