четврток, декември 5, 2024
домаКолумниФестивалите не треба да се фабрика за пари, но се целосна слика...

Фестивалите не треба да се фабрика за пари, но се целосна слика за целото општество

Пишува:Валентина Георгиева Парго
 
На сам почеток ќе си дозволам да дадам еден мој генерален заклучок на сите нешта во нашава заедница, во моментов како што е поставена сега, а кој највидливи станува верувале или не, на еден фестивал.
А тоа е:
 
-Голем дел од народот  демократијата ја сфати дека е процес во кој секој си прави што сака (на ниво на анархија), а очекува резултати како од перфектно функционален систем.
 
-Кога си на некоја позиција, во моменти кога сакаш да одбегнеш одговорност кон јавност, ти креираш свои правила, по принципот “се што не е забрането е дозволено” и го зголемуваш хаосот, до степен на пефрекно организиран хаос од кој никој нема добивка, само тој што е најгоре остварува профит. 
 
Еве ќе одам по ред, и ќе се обидам описно да објаснам, со цел да биде и појасно.
 
И самите велиме кога беше средено општеството и фестивалите беа убави и со најубави песни.
 
Токму така. Беа неколку на број, на нив учествуваа само луѓе од еснафот, на нив учествуваа најдобрите, на нив се запазуваа сите професионални правила. На нив компонираа маестра, на кои им беше престиж со својата песна да се истакнат и да ги победат конкурентите, па затоа, на фестивалите некако од прв момент на влегување на авторите (или пејачите) ако влегуваа полни со себе  и горди како пауни, знаевме дека тие ги имаат најдобрите песни и дека на крај битката ќе е меѓу нив. Во самата организација работеа целосно ангажирани луѓе, професионалци, на сцена само изведувачи, зад сцена само новинари, медиуми и автори, случајни луѓе немаше, а и немаше појави од типот секретарката ја донесе директорот блиска му е, или на другар пријателка  и сл. Што се нашло, немаше. Се знаеше кој е кој таму, од прво до последно место.
 
Еден автор, макар и најголема легенда, имаше една до максимум две песни, и тоа многу ретко две. Сите беа објавени со имиња. Многу многу ретко ако некаде прочитавме некој псевдоним. На фестивалите немаше ни баснословни награди, беа многу симболични. Некоја плакета статуетка или малку пари за победникот. Оценуваше публика и стручно жири. И како резултат на сето тоа, имавме достоинствени фестивали кои создадоа  евергрин музика, рамна на онаа од Сан Ремо а и светската. Сетете се на Макфест некогаш, Скопскиот.
 
 Сега како е?  Фестивалите, тие неколку, се речиси скроз приватни. Не по дефиниција, ами по реализација. Барем така си ги сметаат. Најголемите финансиски вложувања се во бината, која најчесто е беспотребна џиџаница од лајт шоу. Во друго и не се вложува, песните кои учествуваа не им се плаќаат на авторите, на пејачите не им се плаќа за настап (. Со исклучок на еден фестивал, каде се подеднакво подмирени авторите). Пејачите сами си ги плаќаат. По принципот ако имаш повеќе пари си плаќаш кај подобар автор. 
 
Доделувањето на наградите секогаш има шпекулации дека се “потплатени” и јас како новинар го охрабрувам секој што сака да потврди со доказ, да ми се обрати.
 
Има и нелогични награди- Награда за сценски настап, а нема награда за интерпретација.
 
Директорите на фестивалите веќе не се избираат на конкурс. Тоа го одлучува основачот на фестивалот. Евентуално со еден двајца плус. Директорот главно е композитор со свое студио, каде ќе се снимаат песните, сите или најголем дел. Тој има обврска да најде што поголем број на пејачи, што не значи секогаш и што подобри и што поквалитетни. Битна е бројката.
 
 ***На фестивалите се плаќа котизација за учество, која се движи од 300 евра,но ако се договориш може и за 200,за 100 или за без пари. Правило нема.  Поголемите ѕвезди не плаќаат, нив ги викаат да снимат/изведат  песна.  Дебитантите плаќаат се, целата песна која најевтино би го чинела 500 евра, плус котизација, што значи без 800 евра не може да помине. 
 
***За финансиска конструкција помага државата, општината, министерство за култура, и спонзори. И кога ќе се собере се на купче, фестивал се прави, крајниот резултат е да се слушнат песните, а потоа и да се наградат. Е тука почнува одврзувње на замотаното клопче. 
 
***Секој пејач /изведувач, гледа што повеќе да му се допадне на стручното жири (кое по правило е составено од стручни лица, композитори, аранжери или музички новинари ), на жирито на Советот на фестивалот, кое е составено од луѓето кои организациски го прават, или од фестивалско жири, кое е составено од публика или поканети гости, и тие како едно лабаво жири- тело, но одлучуваат  за одредени награди.
 
Завршува фестивалот, сите незадоволни. Сите изиграни. Сите неисплатени Коментарите главно се овие. -Само ние сме дале партиципација 300 евра, тој другиот не дал, а еден дал само 100 евра.  (инаку, партиципација е легална само кога се уплаќа на сметка). ТОА Е ЗАТОА ШТО НЕМА СТРИКТНО ОПРЕДЕЛЕНО ПРАВИЛО КОЕ ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ ПОДЕДНАКВО , И ВЕДНАШ СЕ ПРАВИ ДИСКРИМИНАЦИЈА.
 
 -Ѕвезда која не добила награда каква што очекувала, или воопшто не добила, се жали дека ја убедиле да дојде на фестивал, да изгуби свирка таа вечер, да потроши пати за шминка, свечен фустан, фризура, и на крај таа да не земе награда а некоја тинејџерка која вчера се појавила да земе. Се заканува сака уште  еднаш нема да дојде, и на тој начин сите фестивал ги изгубија ѕвездите и вистинските пејачи и пејачки ТОА Е ЗАТОА ШТО НЕМА СТРИКТНО ОПРЕДЕЛЕНО ПРАВИЛО КОЕ ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ ПОДЕДНАКВО , И ВЕДНАШ СЕ ПРАВИ ДИСКРИМИНАЦИЈА . 
 
-Тинејџерската па вели, моите родители дадоа над 1.000 евра, ние бевме принудени да ја платиме песната, додека ѕвездата не ја плати, и на крај јас имав далеку подобра песна и луѓето ме гласаа и сепак зедов помала награда, или воопшто не зедов, што не е фер. ТОА Е ЗАТОА ШТО НЕМА СТРИКТНО ОПРЕДЕЛЕНО ПРАВИЛО КОЕ ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ ПОДЕДНАКВО , И ВЕДНАШ СЕ ПРАВИ ДИСКРИМИНАЦИЈА!
 
 -Композиторот кој е одбиен вели дека некој подобро лобирал од него, или платил пари да му ја примат неговата песна, а оној во чие студио се снимани поголемиот број, вели дека премногу работел премалку добил и дека не е фер. ТОА Е ЗАТОА ШТО НЕМА СТРИКТНО ОПРЕДЕЛЕНО ПРАВИЛО КОЕ ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ ПОДЕДНАКВО , И ВЕДНАШ СЕ ПРАВИ ДИСКРИМИНАЦИЈА! 
 
-Новинарот кој бил испратен од Редакција да го проследи фестивалот, објавил едвај 10 реда. Организаториот незадоволен  реагира-му обезбедивме три дена сместување и храна на новинар, цел ден уживаше и пише коктели, за на крај да добиеме само 10 реда или едвај две минути на тв? Не е фер. Уредникот, пак, незадоволен реагира, три дена отсуствуваше новинар од работно место за да пратиме за фестивал, за на крај за толку лош фестивал, музички и проследен со реакции од публика и реакции,  да објавиме и да дадеме простор на нешто кое не вреди? Не е фер. ТОА Е ЗАТОА ШТО НЕМА СТРИКТНО ОПРЕДЕЛЕНО ПРАВИЛО КОЕ ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ ПОДЕДНАКВО , И ВЕДНАШ СЕ ПРАВИ ДИСКРИМИНАЏИЈА! 
 
На крај се јавува и самиот организатор и вели-цела година трчам по спонзори, барам песни, барам автори, барам пејачи, за на крај некој да дојде треба ко на одмор, да јаде, да пие, да пее, да се перчи и си замине. Епа не е фер. ТОА Е ЗАТОА ШТО НЕМА СТРИКТНО ОПРЕДЕЛЕНО ПРАВИЛО КОЕ ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ ФЕСТИВАЛИ ПОДЕДНАКВО!
 
 На крај, се е нон сенс. Доколку за сево ова се обратиш за сите што го помогнале фестивалот, од општина, до Министерство до спонзори, нивните намери се перфектно чисти. Тие дале пари да се направи нешто убаво за публика, и немаат компетенции да се мешаат во фестивалот, ни кој да пее, ни кој да организира, ни кој да компонира ни кој да наградува. И тие се во право. Но. ТОА Е ЗАТОА ШТО НЕМА СТРИКТНО ОПРЕДЕЛЕНО ПРАВИЛО КОЕ ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ ФЕСТИВАЛИТЕ ПОДЕДНАКВО! 
 
ШЛАГВОРТ: Фестивалите не се фабрика за правење пари!!! И не треба да бидат. Тие се ревија на најголемите достигнувања во една поп култура, “најбистра слика” . И, така, иако фестивал не може да биде сосема приватен, тоа е едно општествено добро во една заедница  (сопствеништвото може да биде само приватно), со “либерализацијата и демократизацијата” на фестивалите од врвни стигнавме до дно. Гледаноста и кликовите не се релевантни (тоа лесно се плаќа преку интернет), релевантен е само квалитетот на песните што таму се изведени. Затоа, треба јасно да се знае кому му е таму местото, и какви треба да бидат правилата и да важат за сите :
 
1. Избор на директори по строги професионални правила, со конкурс, избор на екипа по строги правила со конкурс, акредитирање по прописи.  Ако е новинар да не може да биде таму и како менаџер на пејач, ако е шминкер да не може да е во стручно жири, ако е дојден некому за друштво местото му е во публика на зад сцена со новинарите…
 
 2.На фестивал и на сцена за сите подеднаков ист, третман. Сместување, храна, промоција. Ако е пропишана партиципација, ќе важи за сите. Ако некој е поголема ѕвезда и не сака да се натпреварува, може да настапи во реалните шоуа, а не на сцена под привилегиран третман. 
 
3.Настап под полно име и презиме и на изведувачи и на автори.
 
 4.Учество со една, а максимум две песни.
 
 5.Награди со скромен износ и најстрого забрането победа или награда за дело на директор или некој од организациониот тим .
 
6.НАЈВАЖНО! И да е  законски определено колку точно чини еден фестивал, кој од тоа колку треба да земе со исплата на сметка (директор, автори, пејачи, секретарка, возач, пр), и најважно од се, да е разумно лимитирано, колку може да земе основачот/главниот директор на фестивалот како профит.
 
Оти ако тоа е нелимитирано, трката по пари е се понеразумна, хаосот ќе биде се поголем и поголем, а песните се полоши полоши.
 
 
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ