Доктор од психијатриската болница во Демир Хисар, со позитивна семејна епидемиолошка анамнеза е позитивен на тестот за коронавирусот, а бидејќи бил во контакт со колегите психијатри, им е препорачана самоизолација, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Реорганизирана е работата на болницата и до завршување на самоизолацијата на вработените, ќе се ангажираат други доктори од Битола и Прилеп, а по потреба ќе бидат вклучени и психијатри од Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово, а сите пациентите на кои ќе им биде индициран хоспитален третман ќе бидат упатени во другите центри во Охрид, Битола или Прилеп. Тој додаде дека ќе се затвори и Центарот за ментално здравје во Прилеп, управуван од болницата во Демир Хисар.
Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција ја презентираше новата веб страница со сите информации за коронавирусот koronavirus.gov.mk каде граѓаните ќе можат да ги најдат сите информации за заштита од корона вирусот. Како што соопшти министерот Венко Филипче, овие содржини ќе се следат и на социјалните мрежи и на мобилната апликација којашто ќе може да се симне.
Во изминатите 24 часа се потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19. Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица.
По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.
Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, а од почетокот на спроведување се направени 4117 тестови.
На Клиниката за инфективни болести денеска се хоспитализирани вкупно 64 лица, примени се 6 нови, 8 се со потешка клиничка слика. Неколку пациенти се во сосем добра состојба и доколку нивните тестови се негативни, тие ќе бидат испишани. Истото веќе започна за 11 од вкупно 28 пациенти кои се на домашно лекување во Дебар, соопшти Филипче.
-Денеска бевме на увид во монтажната болница до Инфективната клиника во Скопје, следниот период ќе биде целосно ставена во функција, се поставуваат креветите, ќе се постави и сувата врска со клиниката. Капацитетот во клиниката е исполнет 50 отсто, но сметаме дека сега е добар момент да се прошири – изјави министерот Филипче.
Тој соопшти дека е одобрен пристап до европскиот солидарен фонд што значи дека со сите европски земји ќе учествуваме во набавка на се што е потребно за здравствените институции, но навистина е тешко да се стигне до потребните материјали.
-Холандија донираше еден цел кабинет за дијагноза на коронавирусот. Станува збор за машина, кабинети за изолација, целата опрема којашто треба да се инсталира и тестови за 2 илјади пациенти. Тоа е практично лабараторија којашто ќе го дуплира капацитетот на сегашната лабораторија на ИЈЗ, по перформансите сосем еднакви. Холандија тоа го донира преку меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена и СЗО, за што сакам да изразам огромна благодарност“ – рече министерот за здравство Венко Филипче.
На прашањето за оние пациенти кои имаат напревено тестови во болницата Систина, тој соопшти дека стручно мислење на комисијата за заразни болести коешто ги следи препораките од СЗО е дека пациент се смета за позитивен само со позитивен тест за присуство на вирусот, а со тест кој одредува само присуство на антителата.
-Во однос на тестирањето ние направивме анализа, имаме најголем број на тестови од сите земји во регионот, само Словенија има повеќе од нас, што се смета за огромна бројка, ние сме меѓуи првите 30-40 во светот што е одличен резултат. Не станува збор само за број на тестови, туку и за целокупниот пристап на пациентите, туку и кластери, контакти, тестирајќи на овој начин имаме целосен увид во состојбата на пациентите – посочи Филипче.
Тој додаде дека во вој момент епидемиолиозите имаат консензус дека овој пристап не треба да се менува, со оглед дека дава резултати на линеарен, а не експонецијален растна заболени, и согласно мерките што се имплементирани пикот се очекува на крајот на април. А.Р.