Филипче, не се давај!!!

0
479

Пишува: Наташа Доковска

По денешната утринска прес конференција на Минситерот за здравство, Венко Филипче, си помислив кој знае што е толку важно што има да не информира. Волку рано досега немал прес, освен првите денови кога се соочувавме со вирусот! Но, не немал ништо важно да ни каже, туку за жал, целиот негов досегашен успех и менаџирање со кризата да го избрише. И, да стане не успешен! Или, „по употреба да биде „фрлен“…Колку и да сакам да не верувам дека е така, денешната прес конференција ме тера да мислам дека во трка по избори и политички поени, го уништивме човеков!

А, искрено и ликот му говореше дека работата е одена!!! Дека и самиот не верува во тоа што го говори!

Како е можно Комисијата за заразни болести од една страна да бара продолжување на вонредната состојба, а од друга да дозволува организирање митинзи, па дури и кампањата „Од врата до врата!“?! Кога ќе се спроведува кампањата и кога активистите ќе тропаат од врата на врата, домаќините ќе ги пречекуваат со дезентал? Тоа не го слушнав во протоколите!

Не може за една работа мајка, за друга маќеа!

Не може до вчера да фрлавме дрвја и камења за оние кои се собираа во Струга и за отворањето на џамиите, а од друга страна за потребите на изборите да може се…

Не дека сум против избор, напротив, избори треба и мора што побрзо да се одржат за да функционира државата, но начинот на кој се бара организирањето и спроведувањето на изборите е во спротивност од она што се бара од граѓаните.

Ако здравјето на граѓаните ни е пред се, тогаш ајде да го заштитиме а не да ги фрламе во оганот!