Министерот Венко Филипче на вонредната прес конференција по повод 4то заразанео лице со корона вирусот реќе дека денеска се тестирани 8 лица, но резултатите ќе бидат готови во текот на денот. Во моментов се очекуваат резултатите од уште 8 лица, еден кој што бил во Бугарија и неговата сопруга, патник од Сингапур, четворица кои биле во контакт со хоспитализираните пациенти и еден пациент од Гевгелија за кого се очекуваат резултатите.
Во однос на новонастаната ситуација по позитивниот резултат на директорката на Клиниката за кожни болести, Филипче потенцира дека засега ниту еден од оние кои биле во контакт со директорката не се испитуваат. Таа и две лица од нејзиното потесно семејство се во 14 дневна изолација. Како предострожност, клиниката ќе биде затворена, а пациентите се пуштени на домашно лекување. Според министерот во 14 дневна домашна изолација ќе бидат ставени 64 здраствени здраствени работници и 24 пациенти, додека пак во Дебар е во изолација матичниот лекар на двајцата заболени.
Филипче информира дека директорката на Клиниката за кожни болести во саботата говорела на Конференција на дерматовенеролози во Скопја на која учествувале – 103 лица, меѓу кои имало и 3 странци. Информираше и дека салата каде што е организирана конференцијата е дезинфицирана, а докторите од одделението за кожни болести од штипската болница исто така се ставени во само изолација, а се очекува одделението да биде затворено.
„И покрај тоа што антиципиравме ризици одамна, ова со што се соочивме денеска е нешто што многу не разочара и ќе се превземат мерки против директорката. Но, поради предизбрните активности тоа не можеме да го сториме сега, но птенцирам дека одговорност ќе има за секој кој нема да ги почитува превземените мерки од страна ма МЗ. Загрозувањето на јавното здравје е сериозен прекршок и никој нема да биде поштеден.„ – рече министерот Венко Филипче.
Н.Д.