Позитивни се тестовите на корона вирус за троца пациенти направени во клиниката „Жан Митрев“, кои денеска се потврдени и од Институтот за јавно здравје, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, и истакна дека епидемијата е во силен ек, и очекувано е бројот на заболени да се зголеми во периодот кој наидува.
-Станува збор за пациенти од Скопје, еден од нив имал симптоми една недела и неговите контакти се мапирани, и сега се изработуваат тессовите на членовите на семејството. Другите двајца позитивни се се сопружници кои престојувале во странство, дошле во земјава пред неколку дена, вчера член на семјеството ги однел материјаллите на клиниката „Жан Митрев“. Првиот пациенте сместен на Клиника, сопружниците во теков на денот ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести, соопшти Филипче.
Утрото вчера имаше уште една пациентка, тоа е онаа патничка која дошла од Холандија, денеска се во тек интервјуа со сите сопатници од авионот од Виена, кој слетал ноќта меѓу 12 и 133 март. Со тоа до денеска до 12:00 часот вкупно во земјава има регистрирани 26 заболени пациенти, 17 тука во Скопје и 9 во Дебар, соопшти Филипче, додавајќи дека капацитетот на Инфективна клиника е целосно спремен.
Тој соопшти дека состојбата на хоспитализираните пациенти и натаму е стабилна. Денеска се направени вкупно 10 тестови за ковид-19 и за нив се чекаат резултатите.
До крајот на неделата треба да стигнат 200 аспиратори од Кина и значителна бројка на маски, одела, додаде Филипче и соопшти дека ќе се зголеми и бројот на автобуси во утрински и попладневни часови во Скопје со цел да се намали густината на патници во јавниот превоз.
Министерот за здравство Филипче истакна дека над двесте луѓе од унгарско српската граница се очекува да дојдат на преминот Деве Баир, работеле во ризични региони во Италија најголем број, дел во Австрија и сите ќе одат во групен карантин на Криволак. Филипче повторува сите да ги почитуваат мерките и без потреба граѓаните да не се движат и да не се групираата, а во маркети и аптеки помалку да се задржуваат.
-Епидемијата е во силен ек, и очекувано е бројот на заболени да се зголеми во периодот кој наидува, затоа треба да се спречи локалната трансмисија, затоа останете дома, не се собирајте, ограничете го движењето, не се задржувајте во маркети, држете дистанца, одржувајќите лична хигиена, оди сите нас зависи, мора сериозно да пристапиме кон ова прашање, да се однесуваме одговорно, порача министерот за здравство Филипче, посочувајќи дека бројот на заболени би можело да достигне до 2.000 лица, a пикот може да се очекува за околу еден месец, па мора да го заштитиме здравствениот систем, давателите на здравствени услуги, бидејќи ако се тие оптеретат, се покажува дека заразата се шири. А.Р.