домаФилиповски, Кежаровски, Марку и Николовски добитници на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Филиповски, Кежаровски, Марку и Николовски добитници на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Годинашните добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски.

Министерството за култура информираше дека Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски ја делат државната награда за остварување во областа на публицистиката. За остварување во областа на новинарството, добитници на државната награда се новинарите Аделина Марку и Марјанчо Николовски.

Одлуката е донесена на 29 ноември на седница на Одборот за доделување на наградата,  а наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември (вторник) во 12 часот во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ