Пишува: Валентина Ѓоргиевска Парго
Во конкуренција од 167 авторски трудови од 14 подунавски земји , филмот на авторката Кристина Алексиеска „Километар во туѓи чевли“ во продукција на Телевизија Морис, викендов беше награден со специјално признание за посебен квалитет на авторскиот труд на 10-от по ред јубилеен меѓународен фестивал „Профест“. Оваа година темата на фестивалот кој се одржа во Бачка Топола, во областа Панонија, Р.Србија, беше „Убавината на различностите“.
Фестивалот на авторски филм од земјите од подунавскиот регион „Профест“ е во организација на РТВ „Тренд“ од Бачка Топола, Р.Србија. Целта на конкурсната тема „Убавината на различностите“ е да се промовираат толеранцијата, мултијазичноста, мултикултурноста на народите, религијата, убавината на обичаите и различностите. Покровители на фестивалот се министерството за култура на Република Србија, како и покраинскиот секретаријат за култура, јавно информирање и односи со верските заедници. Имено,во фимот „Километар во туѓи чевли“, главната улога ја играат чевлите.Преку инверзијата која ја користи авторката,се покажуваат карактерните разлики помеѓу луѓето,поставувајќи си себеси предизвик:да изоди еден километар во различни чевли,пренесувајќи ја пораката ,пред да осудите некого, пробајте да бидете барем еден километар во неговите чевли. „Километар во туѓи чевли“ беше единствениот номиниран филм од Македонија.