Французинка ја измамил лажен Бред Пит: Му испратила 830.000 евра и се развела поради него

0
2

Французинка стана жртва на романтична онлајн измама од страна на човек кој се претставувал како познатиот холивудски актер Бред Пит. Таа, верувајќи дека комуницира со славната ѕвезда, му испратила вкупно 830.000 евра и дури се развела поради наводната врска со него. Медиумите јавуваат дека жената била во контакт со лажниот Пит преку социјалните мрежи. Тој ја уверил дека му се потребни средства за различни проекти, а таа, мислејќи дека станува збор за вистинскиот актер, започнала да испраќа пари.Оваа измама траела со месеци, а жртвата дури го напуштила својот сопруг и се развела, уверена дека ја чека љубовна иднина со славната личност. Подоцна, кога сфатила дека станува збор за измама, го пријавила случајот во полиција.Ваквите случаи на измама преку интернет не се ретки, а експертите предупредуваат дека познатите личности ретко, или никогаш, не бараат пари од своите обожаватели.

Подготви:Н.Д