вторник, декември 3, 2024
домаФранк Дупре - музичар со бескраен хоризонт

Франк Дупре – музичар со бескраен хоризонт

Еден од водечките млади пијанисти на денешницата Франк Дупре од Германија вчеравечер ги воодушеви љубителите на класичната музика кои беа во редовите на публиката на фестивалот „Охридско лето“.
Маестралниот пијанист во црквата „Света Софија“ одржа пијано-рецитал почнувајќи со Шубертовата „Вандерер“ Фантазија C-dur оп.15, а потоа и со Арабеска C-dur оп. 18 од Роберт Шуман и „Исламеј“ ориенталната фантазија оп. 18 од Милиј Балакирјев. Вечерта беше збогатена со „Трите пиеси за пијано“ од Лили Буланже како и со „Прелудиуми за пијано“ од Клод Дебиси. Дупре уште еднаш ја потврди својата виртуознот на пијаното и преку композициите „Барка на океанот“ од циклусот „Огледала“ на Морис Равел и „Три прелудиуми за пијано“ од Џорџ Гершвин.
-Репертоарот што го свирев синоќа беше различен од оној што го имав пред неколку вечери со моето „Франк Дупре Трио“. Тогаш имав можност да импровизирам со многу синкопи и џез хармонии. И овојпат свирев со цело срце како и тогаш, но потполно класична музика, вели пијанистот Дупре.
Пред само четиори вечери, на музичкиот препертоар на 63-тото „Охридско лето“,овој пијанист настапи со неговото „Франк Дупре Трио“ со кое остави силен впечаток кај публиката на „Охридско лето“. Германските уметници Дупре, Јакоб Круп на контрабас и Оби Јене на тапани, лесно ги надминаа наводните жанровски граници, спојувајќи ја класичната музика со џезот што претставуваше вистинско уживање за фестивалската публика која играше и потпевнуваше заедно со нив.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ