Германскиот производител на вакцини „Кјурвак“ (Curevac)има намера, заедно со британскиот фармацевтски концерн „Глаксосмитклајн“, да работи на понатамошни мРНК вакцини, кои ќе штитат од нови соеви на корона вирусот.
„Оваа нова соработка се заснова на постојните врски со Кјурвак“, рече шефицата на „Глаксомитклајн“, Ема Валмслеј.
Таа во соопштението укажа дека двете компании ќе ја комбинираат својата научна експертиза во развојот на вакцините и истражувањето на мРНК за да го забрзаат развојот на нови вакцини против коронавирус.
Поради појавата на нови соеви, постои страв дека сегашните вакцини не се ефикасни, а во овој поглед, особено се споменува јужноафриканската мутација. А.Р.