сабота, декември 21, 2024
домаКујнаГерманските десничари бараат оставка на Меркел: Целиот сегашен систем мора да исчезне

Германските десничари бараат оставка на Меркел: Целиот сегашен систем мора да исчезне

Се посилната германска десничарска партија „Алтернатива за Германија“ (АфД ) ја повика канцеларката Ангела Меркел да поднесе оставка заедно со целиот владеачки систем на таа земја.
На партискиот конгрес минатиот викенд, владеењето на Меркел беше споредувано со моќта на Ерих Хонекер во последните денови на Источна Германија, односно ДДР.

Меркел е обвинета за изолација на земјата поради нејзината миграциона политика и беше порачано дека „мода да си оди“ со целиот германски политички систем.

„Целиот сегашен систем мора да исчезне … Меркел паѓа без разлика колку мавта со рацете“, изјавија говорниците на конгресот на АфД.

Во оваа партија го критикуваат договорот за мигранти од самитот на ЕУ и го оценуваат како празен документ. AfD бара приватизација на пензискиот фонд. Претставниците на десното крило на партијата бараат државни субвенции за пензискиот систем, но само за германските граѓани.

АфД зајакнува по секои избори и во моментов е најголемата опозициска партија во Германија.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ