Getty Images и Shutterstock се спојуваат во мултимилијардерски договор

0
9

Getty Images и Shutterstock, двете водечки компании во областа на споделување фотографии и друг визуелен содржини, се спојуваат во договор вреден 3,7 милијарди долари. Ова спојување е реакција на зголемената побарувачка за фотографии и сродни елементи од различни платформи и креатори на содржини. Крег Питерс, извршниот директор на Getty Images, ќе остане на чело на новата комбинирана компанија. Пред финализирање, договорот треба да биде одобрен од акционерите на двете компании, како и од релевантните регулаторни тела.

А.Н.