недела, јануари 12, 2025
домаЖивотЗдравјеГлутенот предизвикува депресија?

Глутенот предизвикува депресија?

Постои можност дека глутенот некои луѓе ги прави депресивни или уморни, и често може да биде и причина за желудочни проблеми, утврди истражување на научници од Универзитетот Ла Троуб од Мелбурн, презентирано на годишната конференција на Здружението за гастроентерологија на Австралија минатата недела.

Научниците открија дека производите, како што се лебот и тестенините, кои содржат глутен, кај некои луѓе предизвикуваат “ментална реакција”. Само 1 отсто од луѓето реагираат лошо на глутен со сериозно заболување- целијачна болест. Околу 12 отсто тврдат дека се чувствителни на глутен, бидејќи им предизвикува грчеви и надуеност.

За да се утврди дали се работи за чувствителност на глутен која не е поврзана со целијачна болест, или се е “во главата”, австралиските научници правеле тестови со храна на слепо и ги евидентирале симптомите кои учесниците ги имале.

Тие откриле дека некои луѓе навистина се соочуваат со реални ментални проблеми поради конзумирање на храна која содржи многу глутен. Експертите укажуваат дека надуеност и грчеви може да се предизвикани или од јаглехидрати – фруктани или може да се должат на внесот на глутен.

Тие исто така забележале дека некои учесници во студијата покажале замор и имале помалку позитивни емоции, што укажува на тоа дека глутенот навистина влијае на мозокот.

Сепак, водечката авторка на истражувањето, Џесика Бесјекерски, вели дека нема секој што консумира глутен да падне во депресија. Таа додава дека овој феномен зафаќа само многу мал процент на луѓе, но дека тоа објаснува зошто некои се чувствуваат подобро ако јадат производи без глутен.

Италијанска студија од 2015 година, исто така, покажа зголемување на депресијата кај луѓето чувствителни на глутен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ