Две американски демократки муслиманки за првпат влегоа во Конгресот на САД. Сепак, ова не е единственото по што овие избори ќе бидат запаметени низ историјата, пишува „Базфид њуз“.
На политичката сцена, победа однесоа исто така и Американки со индијанско потекло, политичарки кои претходно живееле на ваучери за храна, отворени хомосексуалци…
Затоа, овие избори се впечатливи од повеќе причини и поради повеќе кандидати:
- Рашида Тлаиб и Илан Омар, првите муслиманки во Конгресот на САД
Демократките Рашида Тлаиб од Мичиген и Илан Омар од Минесота станаа првите муслиманки избрани во Конгресот. Двете кандидатки застапуваат политички напредни ставови, како што е минималната плата од 15 долари и реформа на имиграцијата, пишува „Базфид њуз“.
Тлаиб, од Претставничкиот дом во Мичиген, е ќерка на палестински имигранти, а Илан Омар пристигнала во Америка како девојче откако избегала од Сомалија поради граѓанската војна. Нејзиното семејство ја напуштило Сомалија кога имала само 8 години и поминала 4 години во камп за бегалци во Кенија.
- Деб Халанд и Шарис Дејвидс се првите Американки со индијанско потекло што се избрани во Конгресот.
Халанд, демократка од Ново Мексико, самохрана мајка и членка на племето Лагуна Пуебло, некое време беше претседателка на Демократската партија. Во својата 57-ма година таа сеуште ги отплаќа студентските кредити, а во еден период од нејзиниот живот живееше од социјална помош и ваучери за храна. За весникот „Албакерки џурнал“ изјавила дека смета оти граѓаните на Ново Мексико сакаат функционери кои „знаат колку им е тешко“.
Шарис Дејвидс, демократка и членка на племето Хо-Чунк, е прва ЛГБТ претставничка во Канзас и прва ЛГБТ Американка со индиско потекло во Конгресот.
- Александрија Окасио-Кортез и Аби Финкенауер се најмлади жени кои некогаш биле избрани на Конгресот.
Александрија Окасио Кортез, од Њујорк во август наполник 29 години и стана најмладата жена што некогаш влегла во Конгресот.
Еби Финкенауер и Синди Аксне се првите жени во Ајова кои влегоа во Претставничкиот дом. Финкенауер има 29 години.
- Ања Присли е првата црна жена од Масачусетс во Конгресот.
Ања Присли е првата црна жена од државата Масачусетс, која беше избрана во Конгресот. Присли за „Базфид њуз“ во јули изјави: „Знам како да живеам како црнкиња. Моето гледиште за светот и моите животни вредности значително се разликуваат од вредностите на противничкиот кандидат (Капуана). Сега граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу овие два многу различни погледи на светот“.
- Џерод Полис, прв гувернер хомосексуалец.