вторник, ноември 19, 2024
домаКујнаГодишна изложба на ДЛУМ

Годишна изложба на ДЛУМ

Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници ќе биде отворена на 24 декември во Национална Галерија на Р. С. Македонија – објект Мала станица со почеток во 20 часот.

Несомнено дека годишните или ревијалните изложби на македонските ликовни уметници отсекогаш претставува голем културен настан во нашата средина. Затоа тие изложби се значајна состојка од летописот на нашата ликовна уметност. Еден аргумент е непобитен: дека нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на тие ревијални изложби, почнувајќи од првата таква изложба во далечната 1945 година, па се до денес. Друштвото за да ја задоволи желбата на сите членови еднаш годишно да ги изложат своите дела на заеднички настап, без критериумот на селективност ја организира оваа ревијална изложба. Впрочем, на тој начин се враќа една убава пракса, кога секој уметник, член на ДЛУМ всушност станува арбитар за себеси, а истовремено ја превзема и целата одговорност и ризик на излагањето. Тоа секако ја зголемува самокритичноста, таа врвна доблест на старите мајстори.

Оваа година на Годишната изложба учество земаа 73 автори, членови на ДЛУМ.
Изложбата е финасирана од Министерство за култура на Р. С. Македонија и се организира во соработка со Национална Галерија на Р. С. Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ