Новак Ѓоковиќ продолжува со својата доминација на Австралија Опен, откако во четвртфиналето го совлада шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со резултат 4-6, 6-4, 6-3, 6-4. И покрај тоа што Алкараз го освои првиот сет, Ѓоковиќ успеа да направи пресврт и да го обезбеди своето 50-то полуфинале на гренд слем турнирите.
Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе се соочи со вториот носител, Александар Зверев, кој во четвртфиналето го победи Американецот Томи Пол во четири сета. Со оваа победа, Ѓоковиќ ја продолжува својата потрага по 11-та титула на Австралија Опен, додека Алкараз останува во потрага по првото полуфинале на овој турнир.
Ф.С.