Како што јавува нашиот дописник од Париз во моментов во центарор на градот се случува вистинска драма. Имено утрово,нешто пред 9 часот одекнала силна експлозија во една зграда во која се наоѓа пекара. Експлозијата предизвикала уништување на автомобили и оштетување на згради во деветтиот арондисман во градот. Сведоците тврдат дека под рушевините има заробено голем број на луѓе, како и 4 мртви.
Полицијата апелира граѓаниет да не се приближуваат кон местото и бара од граѓаните смиреност. Официјален Париз информира дека станува збор за експлозија предизвикана од плин, додека граѓаните на социјалните мрежи известуваат дека е терористички напад, и дека се слушнале и други екслозии но по мал интензитет во зградите кои се во непосредна близина на првата екслозија.
Движењето „жолти елеци“ најави помасовни демонстрации.
Наскоро поопширно…