среда, декември 25, 2024
домаГоривата од полноќ повторно поскапуваат

Горивата од полноќ повторно поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за промена на цените на горивата.

Така од полноќ, бензините и дизел горивата поскапуваат за 0,50 до 1,50 денари, односно бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар/литар, и ќе изнесува 63,50 ден/лит. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денар/литар и ќе чини 65,00ден/лит.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, и со тоа ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 54,50 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 43,50ден/лит.

Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,458 ден/кг и сега ќе изнесува 34,342 ден/кг. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ