Пицеријата „Дипломат“ од Гостивар на својот фејсбук профил информира дека ги отвори вратите за децата на кои им треба оброк. На својот профил тие напшаа:
„Драги наши сограѓани!!! Бидејки сме навикнати на социjалниве мрежи само да споделуваме … Ние денеска одлучивме на сите деца без родители и сите што имаат потреба од храна да дојдат кај нас слободно на оброк ќе ни биде огромна чест и задовоство. Со почит Пицерија Дипломат“
Во изјава за ТЕХТ.МК од пицеријата Дипломат потврдуваат дека акцијата ќе трае и во наредниот период. Потег за поздравување и пример кој треба да го следат сите оние кои можат да помогнат.