недела, ноември 17, 2024
домаГраѓаните реагираатГраѓаните на Ресен реагираат на раскопани улици...

Граѓаните на Ресен реагираат на раскопани улици…

Граѓани на Ресен реагираат и бараат од општината да ги средат раскопаните улици. Имено, жители на улицата „Кочо Рацин“ прашуваат до кога ќе живеат затворени дома во горештините, бидејќи поради раскoпаната улица не можат да отворат прозорец, ниту да седат на тераса.

Како што информираат на улицата се стaваат водоводни цевки, целата е раскопана и предизвикува облак од прашина.

„Не може да се отвори пенџере, ниту да се седи на балкон. Градоначалникот врви  секој ден оттука, и секој ден е сведок на ваквиот неред, но ништо не се презема…“- реагираат жителите на спорната улица.

Граѓаните потенцираат дека не се против реконструкцијата на улицата, но сметаат дека долгиот временски рок во кој се работи, предизвикува опасност по нивното здравје.

Од општина Ресен не одговорија зошто толку се чека на реновирање на улицата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ