Топлото време и високите температури ги натера гршките власти од утре, сабота, да ги отворат плажите. Сите организирани плажи во Грција ќе работат од сабота од 8 часот под следниве услови:
- Обавезно бележење на бројот на посетители и контролиран влез на плажите
- На организираните плажи максималниот број на капачи ќе биде 40 лица на 1000 м2
- Минималната одалеченост на чадорите ќе биде 4 метри
- Под еден чадор мора да бидат масимално две лежалки, освен ако не се работи за семејство
- На плажа ќе смее да се слуужи само спакувана храна и пијалок и забарането е готвење на плажа
- Забранета е продажба на алкохол
- Забранета е достава на храна на плажа
- Се препорачува сите вработени да носат маски
- Забрането е седење во баровите на плажа
- Задолжителна е дезинфекција на лежалките по секој посетител и редовна дезинфекција на санитарните објекти
- Забрането е пуштање музика
- Пешкирите се одговорност на посетителите, како инивна дезинфекција
- Се препорачува социјална дистанца и избегнување гужва на плажите, како и почитување на мерките за заштита
Плажите кои не се дадени под концесија, а имаат простор лежење без лежалки, предвидено е да се постават крпи, но на однапред исцртано растојание.
Н.С.