понеделник, декември 23, 2024
домаКујнаГрција: Црн биланс од пожарите - 74 жртви

Грција: Црн биланс од пожарите – 74 жртви

Најмалку 74 лица настрадаа од понеделникот во шумските пожари во населените место во близина на Атина, пренесува Ројтерс повикувајќи се на неименуван официјален претставник на грчката противпожарната бригада. Како што е наведено, најмалку 187 луѓе, меѓу кои 23 деца, се повредени во пожарите. Бројот на исчезнати лица сè уште не е познат.
Грција ја прогласи тридневна жалост поради пожарите, а премиерот Алексис Ципрас изјави дека Грција се соочува со неискажлива трагедија. Инаку, веќе околу пладне грчкото знаме на зградата на Владата и Собранието беше спуштено на половина копје, а сите настани се откажани.

Само во дворот на една вила во Атина пронајдени се 26 тела. Има многу деца меѓу повеќе од 100 повредени, според светските медиуми. Многу жртви се пронајдени во областа меѓу Рафина и Неа Макрија , особено во селото Мати, 29 километри источно од Атина, каде што биле заробени во пожарот што ги зафати нивните куќи и автомобили со кои се обидувале да избегаат од пожарот.

Медиумите известуваат дека десет лица, најверојатно туристи од Данска, исчезнале бегајќи од пожарот, скокнале во чамец и се упатиле кон непозната насока. По нив трагаат спасувачите од бродови, но и од хеликоптери.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас итно ја прекина посетата на БиХ поради вонредната ситуација во Атина поради прогласената вонредна состојба. Во околината на Атина горат три шумски пожари. Поради силните ветришта од различна насока, тие создаваат огнен појас во западниот и североисточниот дел на градот. Покрај тоа, температурата на воздухот се искачи на 40 степени Целзиусови.

Првиот пожар што избувна вчера утрото во боровата шума над одморалиштете Кинета, 55 километри западно од Атина продолжи да се гори и да напредува во ширина од неколку километри слегувајќи кон морето, на крај на автопатот кон Коринтскиот канал и Пелопонез. Три населби се евакуирани, а поради пожарот е затворен дел од скоро 20 километри на два автопати кои го поврзуваат Пелопонез со централна Грција. Пожарникарите, исто така, се борат да ги заштитат области дваесет милји северо-источно од главниот град. Третиот пожар избувна на источната страна на Атина, во близина на градот Каламос. Областите зафатени од пожарите беа погодени од густ чад и сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија беа во прекин.

Грчките власти прогласија вонредна состојба во погодените области и побараа помош од Европската унија во борбата против пожарот. Еден претставник на одделот за вонредни состојби соопшти дека едно лице загинало во Рафин, североисточно од Атина. Од службата беше пријавено дека во болница биле однесени 25 повредени, а меѓу нив четворица биле сериозно повредени.

Трите главни болници во градот се во режим на подготвеност во случај да има повеќе жртви.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ