четврток, декември 26, 2024
домаКујнаГрција: Во напуштена зграда пронајдени тела на двајца имигранти

Грција: Во напуштена зграда пронајдени тела на двајца имигранти

Во напуштена зграда во предградието на Александрополис, град во североисточниот дел на Грција, биле пронајдени телата на двајца мажи, за кои се верува дека се мигранти, соопшти полицијата. Полицијата навела дека телата биле пронајдени во зградата за која е познато дека ја користат мигрантите откако ќе ја преминат блиската граница со Турција, објави АП.

Патологот Павлос Павлидис рекол дека биле пронајдени тела на луѓе кои најверојатно имаат до 35 години и дека се мртви еден месец. Аутопсијата и пребарувањето на теренот покажуваат дека најверојатно биле убиени во тепачка. Како што се наведува, на телата имало повреди од убоди од нож, шишиња, а биле удирани и со столици.

Стотици мигранти и бегалци продолжуваат да преминуваат од Турција на грчка територија, забележува АП.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ