Стареењето е невозможно да се запре, но со здрав живот и соодветна нега може да се забави. Еве работи на кои навистина треба да обрнете внимание.
Брчките се појавуваат со текот на времето, а одредени фактори всушност можат да доведат до подлабоки и поизразени брчки. Лошиот начин на живот, исхраната, но и негата се главните виновници за пребрзото стареење.
Седење
Неактивноста е многу лоша за вашата кожа. Една неодамнешна студија од американската медиумска заедница покажа дека луѓето кои вежбале 30 минути двапати неделно имале значително подобра и поздрава кожа во споредба со оние кои не биле активни.
– Предолго седење пред компјутер на работа, исто така може да предизвика појава на брчки, но најчесто станува збор за браздите меѓу веѓите – вели д-р Соња Батра за „PopSugar“.
Таа додава дека гледањето во телефонот или таблетот може да предизвика појава на линии на вратот.
Прекумерно чистење на лицето
Природните масла на кожата ја штитат кожата, ја хидрираат и зајакнуваат заштитната функција, поради што лицето не смее премногу агресивно да се мие. Избегнувајте агресивни сапуни и средства за чистење, исто така, не претерувајте со пилинг и не користете претопла вода – врелата вода ја исушува кожата.
Не носите очила за сонце
Без разлика дали е многу сончево или не, не заборавајте да се заштитите. Носењето на очила за сонце може да ги спречи брчките околу очите и во пределот меѓу веѓите, вели Батра.
Исто така, очилата со УВ филтри ве штитат од штетни зраци.
Правење чудни гримаси
Правење смешни гримаси, претерано смеење, муртење и подигање на веѓите може да предизвика брчки, а со време брчките се продлабочуваат, а кожата ја губи својата еластичност.
Пиење течности со сламка
Пијте многу вода, но држете се подалеку од сламките. Ако пиете пијалок преку цевка, ризикувате да ви се формираат фини линии и брчки околу усните. Тие можат да бидат многу длабоки и да ве направат постари. Затоа, држете се подалеку од сламките и пијте директно од чаша.
Пушење
Пушењето, исто така, предизвикува брчки околу усните. Кога некој пуши, тој ги собира усните, што предизвикува појава на брчки околу устата. Покрај тоа, пушењето, исто така, влијае на крвта што доаѓа до кожата и директно влијае врз изгледот на кожата.