Кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ победи во првиот круг од претседателските избори во Црна Гора со 54,1 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните податоци на Државната изборна комисија (ДИК). ДИК досега има обработено 97,23 отсто од гласовите, од вкупно 331.323 избирачи или 63,98 отсто, а важечки гласачки ливчиња биле 325.551 или 98,26 проценти.
Кандидатот на поголемиот дел од опозицијата, Младен Бојаниќ, освои 33,2 отсто од гласовите, кандидатот на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ за 8,2 отсто, додека за кандидатот на Вистинска Црна Гора Марко Милачиќ гласале 2,7 отсто од гласачите.
Кандидатот на правда и помирување Хазбија Калач доби 0,81 гласови, кандидатот Василиј Миличковиќ 0.47, кандидат на Српската коалиција Добрило Дедеиќ 0,40 проценти.
Откако ги објави резултатите, Ѓукановиќ рече дека изборниот резултат е потврда за решеноста на Црна Гора да продолжи по патот на европски квалитет на живот и членство во ЕУ.
– Овој резултат е толку убедлив и надмоќен што ова е можност да се преиспита она што се вашите истрајни политички ставови, дека не може ништо добро да се направи со негирање на достигнувањата до кои Црна Гора дојде – им порача Ѓукановиќ на кандидатите на опозицијата.
Тој додаде дека Црна Гора се соочува со многу искушенија, но приоритет е економскиот развој, кој треба да гарантира раст на животниот стандард и надминување на поделбите во општеството. Опозициските кандидати не сакаа да му честитаат на Ѓукановиќ за победата, велејќи дека изборите не се регуларни и дека имало бројни притисоци врз граѓаните.
Утврдувајќи дека Ѓукановиќ „треба да се срами, наместо да слави“ Бојаниќ повика ги гласачите на опозицијата неговиот резултат на изборите да не го сфаќаат како пораз. Адвокатот Драган Соч смета дека голем прашање е дали Ѓукановиќ ќе се држи до своите уставни овластувања, наведувајќи дека дел од членовите на ДПС сега и официјално ќе се вртат кон него.
„Прашањето е дали премиерот Душко Марковиќ, кој има уставен капацитет, ќе се согласи да замине во сенка на моќниот претседател како што ова се случува во Србија или со оглед дека е втор човек во партијата, ќе продолжи да ја исполнува својата политика. Еден дел од луѓето во ДПС се незадоволни од прераспределбата на функции и во кампањата можеа да се идентификуваат луѓето кои беа со премиерот, а не со претседателот, и обратно“, рече Соч за телевизија „Вјести“.