среда, декември 4, 2024
домаЖивотЗдравјеГумени бонбони за виток стас?!

Гумени бонбони за виток стас?!

Дали сте слушнали за диета со гумени бонбони? Денеска се се прави за витка линија, но колку е навистина здраво?

Адријан Џенсон, автор на книгата  “Исхрана со гумени бонбони – слабеење со волјата на мечињата” (слободен превод н.з.). Тој тврди дека конзумацијата на гумени бонбони пред јадење му помогнала да изгуби осум килограми за три месеци! “
„Ако ги јадете сега, подоцна ќе бидете гладни!” речени која како и авторот кој ја измисли диетата со гумените бонбони постојано ја слушаме. Но,тој се прашува: дали е можно пред главното јадење да не сум гладен? Потоа јадел по неколку гумени бонбони пред главното јадење. И, како што самиот објаснува тие во стомакот дејствуваат како сунѓер – а ако се земе со нив и  течноста што ја имаат, двојно се зголемува обемот. Ова наводно го намалува гладот, односно дава чувство на ситост. Покрај тоа, гумените бонбони содржат амино киселини од кои телото треба да ги изгради мускулите, и со поттикнување на овие процеси самото телото троши одреден број на калории.
Но, тоа не е толку едноставно
Сепак, Адријан Џeнсон предупредува дека бескрајната конзумација на гумени бонбони и губење на тежината заедно со нив – нема да функционираат. Препорачува јадење на овие бонбони според телесната тежина, па вели ако некој тежи 60 килограми, не треба да јадат повеќе од 60 грама гумени бонбони пред јадење.
Сепак, и покрај популарноста на книгата на Џенсон за слабеењето и гуумените бонбони, се сомневам дека ова е добра идеја за  слабеење. Подобро е таа да биде заснована на здрава храна и некоја физичка активност. Ова го советуваат и експертите. Тие сметаат дека диета со гумени бонбони носи површни резултати, бидејќи телото по одреден период на користење на овие бонбони ќе стане зависно од нив, а на телото ќе му недостасуваат витамини и минерали.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ