Неочекуван хаос се случи на Австралија Опен, каде што еден од тенисерите доживеа несекојдневен инцидент пред својот натпревар. Како што пренесуваат медиумите, тенисерот се почувствувал лошо и изгубил свест непосредно пред да излезе на теренот.
Сведоците изјавиле дека тенисерот изгледал дезориентирано и не знаел каде се наоѓа, што предизвикало паника меѓу неговиот тим и организаторите. Медицинскиот персонал веднаш интервенираше и му пружи прва помош.
Засега нема официјални информации за неговата состојба, ниту за причината за оваа ситуација, но инцидентот фрли сенка врз турнирот кој привлекува внимание од целиот свет. Организаторите најавија дека ќе споделат повеќе информации кога ќе бидат достапни.
Настанот предизвика загриженост меѓу останатите натпреварувачи, а фановите на социјалните мрежи испраќаат поддршка и пораки за брзо закрепнување на спортистот.
Ф.С.