Хомеопатска патна аптека – за одмор со деца

0
88

Како што планираме каде и кога ќе одиме на одмор, така е неопходно навреме да планираме како да останеме здрави во тој период. А дали може тој дел да се испланира? Одговорот е ДА. Најчестата причина за ненадејно заболување се вирусите. Тие, со голо око невидливи суштества, се секогаш некаде околу нас и чекаат момент на ослабување на нашиот имунолошки систем за да не нападнат.

Не грижете се, постои решение за вирусите!

Две недели пред одморот започнете со давање на Immunokind на децата (се подразбира дека и самите ќе го користите), бидејќи станува збор за хомеопатски лек за зголемување на клеточниот имунитет. Заедно со него, задолжително користете и соодветен пробиотик. Комплетната заштита се постигнува со превентивно вклучување и на хомеопатскиот лек кој директно ни помага во борбата со вирусните инфекции – Influcid. Него треба да го додадете една недела пред тргнување на одмор, и задолжително да го имате подготвен во патната аптека која ја носите со себе.

До сега зборувавме за превенција. Доколку се случи да ги почувствувате првите симптоми кои укажуваат дека започнало некое вирусно заболување (малаксаност, болки во мускулите и коските, температура…), веднаш започнете со употреба на Influcid кој го понесовте во вашата патна аптека. Вирусите ќе ги совлада организмот со помош на Influcid и вашиот одмор ќе помине без непотребни проблеми.

Летото и одморите се тесно поврзани со секојдневната употреба на клима уредите. Без разлика дали сте во топли коли или во топла соба, сигурно е дека во овој период клима уредот ќе биде вклучен. Температурното олеснување носи и активирање на проблемите со синусите. Решение за проблемите со синусите има хомеопатијата, а тоа е Cinnabsin, уште еден неопходен член на патната аптека.

Подготви: Н.С.