понеделник, ноември 18, 2024
домаХраната во светот поскапува поради климатските промени

Храната во светот поскапува поради климатските промени

Светските цени на храната пораснаа во мај, петти месец по ред, откако лошите временски услови ги покачија цените на сирењето и пченката, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

ФАО, исто така, предупреди дека драстичниот пад на очекуваниот род на пченка во поплавените подрачја на САД ја намали претходната проекција на организацијата за глобалното производство на житни култури во 2019 година, пренесува Ројтерс.

Индексот на цените, што го пресметува ФАО и кој ги мери месечните промени на цената на потрошувачката кошничка (житарки, маслодајни растенија, млечни производи, месо и шеќер), изнесува во просек од 172,4 поени во мај во споредба со 170,3 поени во април.

Индексот на цените на млеко скокна за 5,2 отсто во однос на вредноста во април, приближувајќи се на петгодишниот максимум, а сирењето придонесе за скок на овој индекс, поради силната глобална побарувачка за овој производ предизвикана од сушата во Океанија, што ги ограничи можностите за извоз на регионот.

Индексот на цените на житарките се зголеми за 1,4 проценти, додека од друга страна цената на шеќерот во мај падна за 3,2 отсто.

ФАО сега проценува дека светското производство на жито ќе изнесува 2,68 милијарди тони, што е помалку од претходната прогноза од 2,72 милијарди тони, но се уште е за 1,2 отсто повисоко од нивото во 2018 година, кога производството падна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ