петок, декември 20, 2024
домаНасловнаХрватските болници без лекови и потрошен материјал поради долгови во вториот бран...

Хрватските болници без лекови и потрошен материјал поради долгови во вториот бран на корона

Хрватските болници ќе имаат голем проблем од следната недела, затоа што веледрогериите ќе ја стопираат испораката на лекови и потрошен материјал од понеделник заради долг кој моментно е 4,2 милијарди куни, пренесува „Јутарњи.хр“.

Од таа сума, дури 3,6 милијарди доспеале за плаќање, а бидејќи немало реакција на минатомесечното предупредување за неодржливоста на таквата состојба, Здружението на веледрогерии при Хрватскиот сојуз на работодавци реши утре наутро да испрати известување во болниците дека од понеделник нема да доставуваат лекови и потрошен медицински материјал сè додека проблемот барем делумно не се реши.

Вледрогериите посочуваат дека повеќе немаат поддршка од банките за кредитирање, а производителите не сакаат да испорачуваат лекови без плаќање, пренесува „Јутарњи“.

– За прв пат во 98 години од работењето на Медика, бевме принудени да ги прекинеме испораките затоа што нè доведоа пред ѕид. Не добивме одговор на сите наши писма до министрите и до премиерот, а нашите магацини се празни – рече директорот на Медика, Јасминко Херцег.

Ова може да предизвика многу проблеми, имајќи предвид дека во Хрватска започна и пикот на вториот бран на корона вирусот. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ