петок, декември 20, 2024
домаКујнаХрватските овоштари во знак на протест бесплатно делат јагоди

Хрватските овоштари во знак на протест бесплатно делат јагоди

Хрватските овоштари најавија дека денеска бесплатно ќе делат јагоди пред Плодине, покрај загрепска Арена, во знак на протест поради големиот увоз на ова овошје кој влијае на тоа домашните трговски синџири ни во шпицот на сезоната да не преземаат домашни јагоди.

Плодине, како што велат, не е единствено каде не се продаваат хрватските јагоди, пишува „Вечерњи лист“.

Оваа локација е избрана поради тоа што се работи за „национален“ синџир кој го саботира домашното производство, тврдат во Хрватската овоштарска заедница, здруженијата на производители на Загреб и загрепскиот прстен, Вргорац, како и овоштарите и лозарите од Мославина.

„Повеќе нема да ги берам моите јагоди. Секој кој сака може да дојде на мојата нива во Велика Лудина и сам да си собере килограм јагоди за пет куни (0,7 евра)“, изјавил за „Вечерњи“ Игор Фалтис од Здружението на Мославина.

Весникот, сепак, смета дека овоштарите „не се за пофалба зошто не се организирани и немаат количини кои ги бараат трговските ланци”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ