петок, мај 24, 2024
домаЖивотХуманитарна ревија на Мите Занов во МОБ

Хуманитарна ревија на Мите Занов во МОБ

На 11. декември во Македонската Опера и Балет младиот креатор Мите Занов ќе ја презентира новата колекција „Миг”- (Moment), а ревијата ќе има и хуманитарен аспект. Имено, ќе бидат собирани донации за лекување на 23-годишниот Борче Проданов кој боледува од dystrophy musculorum progressive.

– Да ја покажеме нашата солидарност и хуманост. Донациите ќе можат да бидат извршени во специјализирана кутија, која ќе стои на влезот на МОБ. Искрено верувам, дека можеме заедно да направиме крајно дело, и да се врати Борче повторно во нормален тек на животот. Влезот е отворен за секој кој милува мода и уметност-вели Занов.

Колекцијата „Миг“ (Moment), чија реализација е поддржана од Министерството за култура, како дел од конкурсот Креативни индустрии, е инспирирана од делата на македонските скулптори.

– За моделите инспирација црпев од скулптурата како уметничка дисциплина и познатите дела на значајни скулптури во македонската современа уметност како: Петар Хаџи Бошков, Јордан Грабул, Димо Тодоровски…- вели Занов.

Ревијата на 11 декември ќе почне во 20 часот, а Занов најавува посебен амбиент и специјално подготвени музика и кореографија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ