Снежана Захариева, директорката на кумановската болница, има позитивен тест на коронавирус. Захариева ова ова го објави на својот профил на „Фејсбук“ информирајќи ја јавноста дека тестирањето го направила вчера во МАНУ, и утрово добила резултат кој е позитивен.
„Како за добро утро,позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска само дома,5 месеци работа-дома,но имунитетот попушти.Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето.Чувајте се. Инаку, тестот го направив вчера на пладне, благодарност до МАНУ за брзиот резултат.“ – напиша Захариева .
Куманово беше едно од најпогодените подрачја во изминатите месеци.
А.Н.