понеделник, декември 23, 2024
домаИ Плејбој го напушти Фејсбук

И Плејбој го напушти Фејсбук

Најголемата социјална мрежа Facebook губи уште голем клиент - американското списание за мажи Playboy ги прекинува сите врски со мрежата.

Купер Хефнер, 26-годишниот син на починатиот основач на Playboy Хју Хефнер, објави дека Плејбој  го напушта Фејсбук, објави ДПА.

“Има над 25 милиони следбеници на Playboy кои преку различни страници на Facebook се и наши фанови, а ние не сакаме да носиме вина, ако тие учествуваат во практиките за кои дознаваме сега”, пишува во соопштението на издавачот Playboy Enterprises Inc .

Playboy го следи примерот на Илона Муск, кој како реакција на скандалот со податоците на корисниците објави повлекувањето на двете свои поголеми компании Tesla и SpaceX од Facebook.

Позадината на скандалот на Фејсбук е откриена околу компанијата за анализа на податоци на Кембриџ Аналитика. За компанијата од Велика Британија се тврди дека добила неовластен пристап до информации на 50 милиони корисници на Facebook, за да влијаат на изборите во САД, како и на гласањето за Brexit во Велика Британија.

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, неодамна објави мерки за да им даде на корисниците поголема контрола врз нивните податоци.

Меѓу критичарите на практиките на Facebook и поддржувачите на кампањата за напуштање #DeleteFacebook се софтверскиот експерт и член на Надзорниот одбор на Siemens, Џим Хагеман-Снабе и основачот на WhatsApp Брајан Екшн. Инаку, Екшн, пред неколку години ја продаде популарната WhatsApp на Facebook за 22 милијарди долари.

Односот меѓу американската медиумска компанија Playboy Enterprises и Facebook никогаш не бил јасни и ослободени од контроверзност. Од една страна Facebook ги нагласува условите за користење на социјалната мрежа на која не се дозволува прикажување на голи слики, а од друга страна Playboy како машко списание со голи и еротски слики достигнува милиони корисници – со нагорен тренд на Facebook и никој досега на тоа не реагираше, а најмалку админситрацијата на оваа сооцијална мрежа.

Ставот на Плејбој за одлуката е обајсне во официјалното соопштение. Во него се вели: “Насоките на Facebook продолжуваат да стануваат спротивни на нашите вредности. Се обидовме да бидеме претставени како глас на платформата, која по наше мислење е сексуално неподносливо”.

Прекинот на односите меѓу Playboy и Facebook е од големо значење и од друга причина – машкото списание започна во 2016 година да ги покажува жените напола слечени, а што беше во согласност со правилата на Фејсбук. Но, во пролетта на 2017 година Купер Хефнер објави на Twitter дека Playboy се враќа кон целосна голотија, што, се разбира, е против правилата на Facebook.

Како што се вели во соопштението на Playboy, компанијата не сака да биде “соучесник” со Facebook и не сака да ги изложува своите 25 милиони корисници на “пријавените практики”. Затоа Playboy ја напушти платформата на Facebook и ќе ги деактивира сите профили кои директно се управувани од Playboy Enterprises.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ