Грција и Албанија во петокот потпишаа договор, отворајќи го патот на илјадници албански граѓани да работат во грчкиот земјоделски сектор, и покрај ограничувањата поради коронавирусот.
Двете земји ги затворија своите граници во март за да спречат ширење на вирусот.
Грчкиот парламент го одобри договорот во петокот, со кој ќе се дозволат до 10.000 Албанци да се преселат во Грција без визи, почнувајќи од средината на мај.
Овој потег уследи по загриженоста изразена од грчките земјоделци кои тврдат дека недостигот од земјоделски работници му се заканува на годинашното производство.
Здружението на земјоделци од Иматија, во северна Грција, вели дека има итна потреба од 7.000 земјоделски работници со цел да се соберат праски, едно од најпознатите плодови во регионот.
Земјоделците во Пелопонез и Крит, исто така, се приклучија на повикот за дозволување на Албанците да работат на полињата.
Н.С.