Punish Him е новата авторска песна на талентираниот мултимедијален уметник Игор Станоески – Игимен, (музика, текст и арранжман) која и воедно е водечка трака на истоимениот албум, за кој претходеше дигиталното објавување на синглот Ain’t Nobody Business.
Песната како и албумот се снимени во студиото “АлШар” во Скопје под аудио-инжинерската палка на Ивица Јанкуловски.
Видеото е снимено во истоименото студио од страна на Филип Филиповски како директор на фотографија и камера и Боро Арсовски – камера и техничка помош, додека за режијата која е во доменот на видео концепт како и монтажата и видео постпродукцијата припаѓа на Оливер Станоевски.
Гости музичари на песната покрај стандардната ритам постава Пере Ангелов на бас гитара и Гоце Стевковски на тапани, се и Гордан Спасовски на пијано и Јордан Костов на хармоника. Песната претставува жанровски микс од блуз, рок и кантри музика, додека пак текстот е на англиски јазик и има сатиричен контекст.
Првичната објава е на 24 август на фејсбук профилот на издавачката куќа Мултимедијална Креативна Работилница ИГИМЕН (Multimedia Creative Workshop IGI MAN @theIGIMAN ) а наскоро ќе биде објавена и на официјалната јутјуб страна на Игимен.
В.Г.Парго