Албанскиот претседател Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади се казнети за кршење на забраната за собирање повеќе од 10 лица.
Двајцата присуствуваа на роденденска забава за познатиот албански актер Бес Кулаку, организирана во ресторан во селото Лакна, општина Колона. Казнет е и градоначалникот на општината Ерион Исаи, кој присуствуваше на прославата, како и други 30 лица кои исто така беа таму.
Секој од присутните мора да плати казна од 80 евра, а сопственикот на ресторанот – 1 милион леки или околу 8.100 евра. Ова не е прв случај во кој Круемади, лидер на опозициското Движење за социјалистичка интеграција, е казнета за кршење на мерките. Претходните две казни и беа изречени затоа што не носеше маска на отворено.
Роденденот на актерот бил скап и за шестмина полицајци, кои беа отпуштени затоа што не влегле во ресторанот за да извршат контрола. Ал.Н.