*Господине Илко, Ваше дело е овој билтен, Вие сте почесен Претседател на манифестацијата, и идеен творец на нови концепти, кои придонесуваат за поголема фирмација на ова познато скопско маало.
-Да. Излезе најновиот билтен четврти по ред. Овој билтен излегува еднаш годишно, а наградувањето се одржува на 25 декември. Како што се работи, се раѓаат и нови идеи, како на пример да се излезе крај Вардар со поетско читање. Радува фактот што на конкурсите досега се јавија преку 150 разни поети од цела Македонија. Нашите очекувања на почетокот беа скромни, ете да се јават неколку души, но веќе сме позитивно изненадени. Минатата година конкурираа 40 писатели и тоа од разни делови од Македонија, Струмица, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, традиционално и маџирмаалџи и Скопјани. Тоа ни даде за право, сила и ветер во грбот да продолжиме и главната награда од 300 да порасне на 500 евра. Бидејќи сум јас организатор и главен и одговорен уредник се обидувам наградата да дојде и до 1000- 1500 евра, да биде на ниво на сите големи конкурси што ги има во Републиката.
-Неодамна, пријателке моја, оф се ежам, разговарав со сите што конкурирале. Цел ден, 10 часа вртев на телефон, известувајќи ги дека се објавени во билтен и дека им ја нудам целата моја човечка, поетска и шарпланинска благодарност за тоа што го направиле. Да ги немаше нив 35, 40 поети зар ќе успеев јас да отпечатам нешто? Ме прашуваат – “Колку да платиме?”. Не плаќате… си го платил, со тоа што си го подарил стихот. Билтенот е во 300 примероци и тоа е сосема солидно. Обврзани сме по прописот да дадеме 5 во Народна библиотека, а на 25 библиотеки низ градовите ќе им пратиме по еден примерок за архива. Наредната година кога ќе биде 40 годишница сакаме овде да бидат сите лауреати и со тоа манифестацијата да добие нова димензија.
-Конкурост го објавуваме во ноември на фејсбук, а потоа се состанува жирито и откако ќе се одлучи за наградите, имаме поетско читање со наградените и ако некој плус дојде. Ирена Спировска ни води на еден умешен начин. Маџирмаалските средби имаат традиција, која ни дава сила која ни дава за право да можеме да правиме нови чекори на ваков план.
-Уште претходната година почнавме да размислуваме што е тоа добро што би можело да се прошири. Повторно со Миле Бошевски дојдовме до идеја дека е убаво да се направи ликовна колонија. Во услови на пандемија не беше изводливо да правиме колонија, да ги извадиме уметниците надвор… И, јас, пробивајќи се да ја промовирам оваа идеја, ме упатија да отидам кај нашиот афирмиран уметник и писател Ацо Станковски, некој не случајно му го дал името Рембрант, и од прво човекот рече “Имаш две мои слики”, но на нашата средба одржа ода за Маџар маало која цел живот ќе тлее во мојата душа. Тоа ми даде сила, почетниот импулс да одам од уметник на уметник и потоа сѐ тргна, така собрав околу 30 слики на разни начини, некого го помогнав, некого го стимулирав, некого го замолив… Им ветив дека тоа ќе излезе во еден каталог, доколку подарат или дадат без надоместок. И така се ширеше кругот, тетовецот уметник ми ја подари сликата “Кобилица”, една пријателка Македонка во Холандија која беше на одмор овде го нацрта Зафир Хаџиманов, една гимназијалка од Куманово ја нацрта Есма, добивме слики од Живко А. Поповски Цветин и така се ширеше. Знаете како, тоа нема цена, нема пари со кои може да се плати. Чувствувате како нешто се создава, се раѓа, расте од идеја до манифестација. Еден ден Миле рече: И јас имам дваесеттина слики на тематика Маџар маало, Вардар, природа, од разни уметници.. (зашто порано имал галерија) . Се собраа 50-тина. Година дена имавме малку тешка и деликатна работа. Миле сега почнував да ги подготвува сликите и ќе формираме галерија со сликите. Прво ќе бидат сместени во канцеларијата на Маџир маало а потоа ќе ги прикажеме пошироко. Еве една идеја Маџар маало припаѓа во две општини, во општина Центар и во Аеродром, постои идеја да направиме изложба на една улица во Маџар маало, една во Центар, и една во Аеродром. Манифестација на која ќе ги истакнеме сликите, билтените, некое читање на поезија и тоа и да предизвика внимание на народот.
*Годинава ќе правите колонија?
*Ќе направите нешто во чест на овие легенди? Остана уште нешто како идеја за реализација во скоро време?
-Останува како отворена опција, и ќе работиме на тоа. Но сигурно ќе се најдат во монографијата. Исто така сакаме да издадеме една монографија за Маџирмаало на повисоко ниво, со квалитет, со дебели кориции, во боја, со мрсна хартија, е сега дали ќе успееме да обезбедиме, ќе се бориме. Значи идејата е таа.
Валентина Ѓоргиевска Парго