четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаИма 104 години, го преживеа КОВИД-19, ја преживеал и епидемијата на Шпански...

Има 104 години, го преживеа КОВИД-19, ја преживеал и епидемијата на Шпански грип

Ветеран од Втората светска војна го прослави својот 104-ти роденден, откако се опорави од новиот вид на коронавирус. Бил Лапшис последен пат имал температура пред 19 дена, а како што пишува „Ледбајбл“, тој може да биде најстарата личност на планетата што се опоравила.

Тој е сместен во Домот на ветерани во Орегон во Соединетите Американски Држави, а персоналот од овој дом го извади во количка за да може да го прослави роденденот според правилата на социјална дистанца.

Запрашан од неговата внука Џејми Јуци како го преживеал вирусот кој го имаат толку многу луѓе и кој зема жртви ширум светот, овој храбар старец рекол: „Не знам. Само замина. Седни овде и можеш да се ослободиш од сè“.

А запрашан од неговите пријатели како се чувствува со наполнети 104 години, тој кратко одговорил: „Многу добро, успеав“.

Лекарите од овој дом рекле дека Бил имал поблага форма на инфекција и не развил никакви респираторни проблеми.  Роден во Орегон во 1916 година, Бил ја преживеал пандемијата на Шпански грип, Големата депресија и се борел во Втората светска војна.

КОВИД-19 е далеку поопасен за постарите лица, но Бил не е единствениот старец што го победил овој вирус. Минатиот месец 95-годишна Италијанка го победи КОВИД-19. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ