среда, ноември 20, 2024
домаЖивотИма ли (не)доразбирања меѓу Владата и Комисијата за зaразни болести?

Има ли (не)доразбирања меѓу Владата и Комисијата за зaразни болести?

Како што пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК Комисијата за зaразни болести воопшто не ѝ предложила на Владата датум за отворање на границите и аеродромите без тестови и задолжителен карантин. Наводно, членовите на комисијата биле изненадени од синоќешната владина одлука за отворање на границите од петок, а аеродромите од идната среда. Исто така, комисијата не препорачала датум ниту за отворање на теретаните, како и за внатрешноста на кафеаните, како едни од најризичните места за пренос на коронавирусот, поради високите бројки на новозаразени.

ТЕХТ.МК се обиде да добие одговор за точноста околу овие наводи, но членови на  Комисијата не сакаат да говорат на оваа тема и топката ја префрлаат на Владата.

Од друга страна, техничкиот премиер Спасовскина денешната прес конференција  рече дека безусловното отворање на границите не е политичка одлука донесена во пресрет на изборите, туку, е донесена по анализите и препораките на Комисијата за заразни болести.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ