понеделник, ноември 18, 2024
домаИмпровокација со предвелигденски „спешл“ во Народен театар Охрид

Импровокација со предвелигденски „спешл“ во Народен театар Охрид

Како и изминатите години, така и оваа година, на 27ми април (сабота) на малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид (Народен театар Охрид) од 20 часот тимот на „Импровокација“ го најавува нивниот вообичаен предвелигденски „спешл“. Билетите за шоуто по цена од 200 денари можат да се набават во музичка продавница „Зизи топ“ или да се резервираат на телефон 075 283 066 (од 11 до 15 часот). Цената на билетот на денот на изведба ќе чини 250 денари.

Театарска импровизација „Импровокација“ е проект на професионалните актери, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски помогнати од Никола Јосифоски на пијано и Филип Ангеличин Жура како организатор (џокер или „совест на шоуто“). „Импровокација“ е фузија од Канадските техники за „театарски спорт“ (Theatre sport) и Американските техники за театарска импровизација. Таа припаѓа во таканаречената „кратка форма“ (short form) на театарска импровизација во која што се играат не помалку од 12 различни „игри“ за 70тина минути и тоа ја прави да е многу динамична и забавна. Дијалогот, мизансценот, каратерите и приказната, во нивната најчиста форма, се создаваат заеднички во мигот, пред очите на публиката без никакви предходни подготовки. Точно заради тоа секоја изведба на „Импровокација“ е премиерна и никогаш не може да се повтори уште еднаш. Ваквата форма на театар е комична и спонтана. Рамката на импровизацијата ја даваат актерските задачи (т.н. игри) кои што ги одредуваат правилата на кои актерите се придржуваат додека ја импровизираат сцената. Публиката директно е инволвирана во процесот на создавањето на сцените со нивните предлози од место или во одредени случаи се јавуваат и како актери на сцената. Во зависност од енергијата на публиката и предлозите кои што таа ги дава , таков тематски правец добива и самата изведба. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ