домаНасловнаИнтерпол предупредува на опасноста од фалсификување на вакцини

Интерпол предупредува на опасноста од фалсификување на вакцини

Меѓународната полициска организација ИНТЕРПОЛ предупреди денес дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против ковид-19 и да се обиде да стави на продажба лажни, фалсификувани вакцини.

ИНТЕРПОЛ објави дека е издадено глобално предупредување во 194 земји-членки на оваа организација, со препорака да се подготват за таквата можност и оперативно, на терен и на виртуелната мрежа, објави Ројтерс.

Предупредувањето се однесува и на можни обиди преку глобалната интернет мрежа во понуда да се најдат лажни терапии што може да ги загрози здравјето и животот на луѓето. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ