петок, декември 27, 2024
домаИнтерпол: Животната средина главен извор на приходи за организираниот криминал

Интерпол: Животната средина главен извор на приходи за организираниот криминал

Бескрупулозната експлоатација на животната средина стана главен извор на приход за организираниот криминал и разните вооружени групи наместо шверцот со дрога, објави Интерпол оваа недела.

Шверцот на слонова коска, вадењето злато, нелегалните „даноци“ на природните ресурси и за други кривични дела сочинуваат 38 отсто од приходите кои се користат за финансирање на конфликтите и вооружените групи, се наведува во извештајот од Интерпол.

И додека групите како што е Исламската држава доминираат на насловните страни, на нив отпаѓаат само 4 проценти од 31,5 милијарди долари заработени во зоните на конфликти во светот секоја година. Остатокот оди во организирани криминални групи.

Извештајот, изготвен од страна на норвешкиот центар за анализа на ризик RHIPTO и Глобалната иницијатива за борба против транснационалниот организиран криминал, е првиот глобален преглед на патиштата на шверцот кои ги користат таквите групи. Во него се наведени околу 1.000 рути по кои се шверцува сè, од нафта, злато и дијаманти, до дрога, луѓе и слонова коска.

„Организираниот криминал сè повеќе го поткопува мирот, безбедноста и развојот“, рече Марк Шо, директор на Глобалната иницијатива за борба против транснационалниот организиран криминал.

 

„Тоа стана глобален феномен, застапен во конфликтите од Африка до Блискиот Исток и Америка“, рече тој.

Нелегалната експлоатација на руда чини 17 отсто од приходите на вооружените групи, а меѓу најпожелните се златото од источниот дел на Демократска Република Конго и минералот колтан (за мобилни телефони) во Латинска Америка.

Организираните криминални групи се вклучени и во профитабилната трговија со слонова коска од Африка и рогови од носорог кои се продаваат во Азија за употреба во традиционалната медицина, но во извештајот се забележува дека 165 милиони американски долари заработени во таква трговија сочинуваат само мал дел од нивните вкупни приходи.

По „еколошкиот криминал“ шверцот со дрога останува втор по големина извор на приходи и изнесува 28 отсто од вкупниот број, се вели во извештајот. Незаконското оданочување на цивили, грабежи и изнудување сочинуваат уште 26 отсто од нивниот приход. Од друга страна, донациите и откуп за киднапирање сочинуваат само три проценти од приходите.

Кристијан Нелеман, директор на Центарот RHIPTO, рече дека владите мора да разберат дека борбата против организираниот криминал е клучен фактор во помагањето да се стави крај на конфликтот.

„Во многу случаи криминални групи, некои од кои се тесно поврзани со политичката елита, може да имаат интерес за продолжување на вооружениот конфликт, со цел да се осигура нивната доминација на природните ресурси и трговските патишта“, рече тој.

Извештајот, исто така, открива дека милитантните групи собираат даноци од цивили.

Во средината на 2017 година, Исламската држава заработи околу 10 милиони долари даноци на територијата што се одржа во Ирак и Сирија.

„Денес, со оглед на драматичното губење на територијата, Исламската држава веројатно има најмалку една четвртина од таа сума“, се вели, предупредувајќи дека организацијата веројатно има „значителни резерви“.

Авганистанские талибанци исто така заработиле меѓу 75 до 95 милиони долари минатата година за оданочување на хероин и други земјоделски култури. Во Сомалија, исламистичкиот Шабааб поврзан со Ал Каеда заработува околу 10 милиони долари годишно со оданочување на сè, од добитокот до свежа вода или изнудуваат пари за заштита од бизнисите.

Милитантите имаат дури и „собирачи на даноци, кои може да се идентификуваат по костумите“, се вели во извештајот.

Трговијата со луѓе е исто така е многу ефективен извор на финансирање на вооружени групи и организирани криминални групи – четврт по големина криминален бизнис во светот во вредност од 157 милијарди долари, се вели во извештајот.

Шверцот на мигранти низ Сахара им носи на вооружените групи 765 милиони долари годишно, се вели во извештајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ