Граѓани јавуваат дека утрово се „бомбардирани“ од повици од непознати броеви. Повиците се уште од рано утро и тоа од броеви од Литванија, Естонија, Франција и Хрватска. Она што е интересно е што телфонот заѕвонува само еднаш, колку да ве мотивира да видите кој ве бара и да се јавите. Од Македонски телеком сега за сега само апелираат да не се одговара на телефонските повици и да не се врти на истите.
Телкомуникациските провајдери информираат дека граѓани масовно реагираат на телефонските повици и опоменуваат дека не треба да се одговара на истите, бидејќи јавувањето, па дури и одговарањето на овие повици може да донесе високи сметки. Најверојатно станува збор за спам броеви.
Најмногу повици од броеви кои се од Литванија и Естонија и кои започнуваат на +370650…, +370668…, како и од Хрватска +385123… и Франција +338910…